МИА Општински пул
- МИА Општински пул

27 јануари 2025
Охрид – Во февруари по седми пат ќе биде реализирана Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“, во чии рамки ќе бидат споделени нови 28 текстови за ретки болести дијагностицирани во Охридско-струшкиот регион.
Претседателката на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“, Гордана Лолеска, посочува дека заедно со активисти на Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ и лекарската фела изминатиот период со консултации и истражувања се обработени нови различни ретки дијагнози, така што базата на податоци за ретки болести сега достигна вкупно 303 дијагнози за кои се обработени соодветни текстови.
„Бидејки истражувањето се уште трае очекуваме дека бројот на дијагнози ке се зголеми. Тоа што е загрижувачки се бројноста и различноста на ретките болести во Охридско-струшкиот регион. Стигнавме до информации за ултра ретки дијагнози како што е Peching syndrome, Tyrosinemia type 1, Rett syndrome, Gitelman syndromе, Evans syndrome, Schwannomatosis и бројка од над 110 разчни дијагнози, рече Лолеска.
Таа изразува уверување дека истражувањата ќе помогнат да се изработи база на податоци која ќе послужи за планирање на следни активности, во интерес на лицата со ретки болести како и поврзување на семејствата меѓу себе и размена на искуства.
Инаку, Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ е од информативно – едукативен карактер, а на неа имаат работено повече од 70 еминентни професори и доктори од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од Скопје, како и доктори од здравствените установи во Охрид и Струга.
Дојран - Општина Дојран доби ново, модерно и мултифункционално возило за метење и миење под висок притисок на улици, тротоари и други јавни површини со капацитет од 4,5 метри кубни и резервоар за вода од 3.500 литри.
Веста ја објави градоначалникот Анго Ангов на неговиот фејсбук профил, каде напиша дека целта на набавката на ова специјализирано возило е подобрување на хигиената и чистотата на јавните површини и улиците во Општината.
Инаку, возилото е набавено во соработка со Бирото за регионален развој (БРР) и Општина Дојран. Целиот износ на набавката изнесува 5.778.003 денари од кои 4 милиони денари се преку БРР, а 1.778.003 денари е учество на локалната самоуправа.
Крива Паланка - Вкупно 120 планинари од Крива Паланка, Куманово, Pробиштип и Скопје, вчера го искачија вториот по височина врв на Осоговските Планини, Царев врв, во зимски услови, во рамки на заедничката акција организирана од планинарско- спортски клуб „Калин Камен", Крива Паланка и планинарско друштво „Хајкинг", Скопје.
- На оваа акција имаше повеќе од 120 планинари. Покрај нашите друштва имавме и планинари од „Козјак", Куманово и планинари од Пробиштип. Времето ни беше наклонето бидејки температурата не беше ниска, а ветерот ја немаше таа сила како предходните години. Акцијата започна од собирна точка „Осоговски бисер", по што групите се упатија кон езерцето, локација на која како водич, заедно со колегата Славко Новјановски ги запознавме учесниците со потеклото на името на Осоговските Планини, името на Калин Каменми се запознаа со сите неопходни детали за движење низ планина во зимски услови. Околу еден час подоцна ја искачивме првата кота, Калин Камен, на 1884 надморска височина, делница на која поради големиот нагон на теренот имавме проблем со замрзнатиот снег,па движењето беше бавно. На оваа кота одморивме малку, а планинарите уживаа во зимската идила. Продолживме движејќи се во отежнати услови, со големи траси подмрзнат снег и оголени била, што ни овозможи по брзо движење, за да, нешто по 12 часот, успешно го искачиме Царев Врв, на надморска височина од 2084 метри, познат уште и како Султан Тепе. Овде групите се задржаа кратко и бездбедно се вративме до појдовната точка, кадешто уживавме уште малку во заедничка планинарска дружба, заминувајќи кон дома, изјави Стојане Костовски, планинарски водич од ЗПСК „Калин Камен", Крива Паланка.
Скопје – ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, од 20 до 26 јануари, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 122 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, е наведува во оопштението од ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Скопје – Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека градот Скопје под раководство на градоначалничката Данела Арсовска не си ги исполнува своите основни работни обврски и утрово, ѓубрето не е исчистено од улиците на Центар под чија надлежност е градот.
-Барам итно денеска градот Скопје да си ја заврши својата работа и да го исчисти ѓубрето во Центар кадешто градот и градоначалничката Данела Арсовска се надлежни. Недозволиво е центарот да Скопје да изгледа вака, јавните површини се акумулирани со ѓубре коешто не само што го загрозува здравјето на граѓаните, туку ја нарушува и животната средина. Апелирам до Арсовска и градската администрација веднаш да се фатат за работа и да ги исчистат улиците во Центар за кои самите се надлежни! Неопходно е веднаш да се интервенира и да се осигура чистотата на улиците, алармира Герасимовски.
Скопје - Денеска и утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе биде претседателот на Собранието на Република Црна Гора, Андрија Мандиќ, поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, информираат од МВР.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.