• петок, 05 декември 2025

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

24 ноември 2025  

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година на 20 најдобри студенти коишто своето образование ќе го продолжат на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, со седиште во Солун, Грција. (вила Водно/11:30) 

Скопје - Посета на Делегација на Комисијата за надворешна политика од Сенатот на Кралството Шпанија. (Собрание/10:00)

- средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши. (Сала Длаборез/10:00)

- средба со Муса Џафери, претседател на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и членовите. (Сала на Уставна комисија/10:35) 

- средба со Игор Здравковски, заменик претседател на Комисија за европски прашања и членовите. (Сала на Уставна комисија/11:25)

Скопје - Промоција на публикација: „Справување со младинскиот евроскептицизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Северна Македонија“. (Собрание, Сала 5/11:30, изјава на координаторката на Клубот за младински прашања и политики при Собранието, пратеничката Драгана Бојковска и коавторот на публикацијата и директор на Европскиот центар за извонредност (ЕЦЕ Брисел), Бојан Кордалов).

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/12:00) 

Скопје - Посета на нерезидентниот амбасадор на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Ал Сабоуси. (Собрание, Канцеларија 253/13:30) 

Скопје - Прес-конференција за новинари ќе одржи пратеничката Рина Ајдари. (Прес-центар на Собрание, 12:30)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, во организација на Министерството за локална самоуправа, каде ќе има изјава за медиумите. (х. Александар Палас/11:00)

Скопје - Валидациска работилница за Стратегијата за образование 2026 – 2032, на која ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска и претставници на повеќе други институции, домашни и меѓународни партнерски организации. (свечена сала на Влада/09:30) 

Скопје - Заменик министерката за животна средина Ане Лашкоска и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа ќе се обратат на отворањето на настанот „Денови на Вардар 2025“, организиран од „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води во МК“,  (х. Холидеј ин/12:00) 

Скопје - Државниот завод за ревизија, со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер (WFD), организира работилницата на тема „Инклузија на граѓанските организации и медиумите во подготовка на Годишната програма за работа на ДЗР за 2026 година“. (хотел Лимак/ 09:30)

Битола -  УКЛО Битола организира студентски Хакатон - Мултидисциплинарни предизвици на тројната транзиција (Студентски информативен центар / 10:00)

Скопје - Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе го одбележи јубилејот - 100 години од раѓањето на академик Јордан Поп-Јорданов. (Амфитеатарот на МАНУ/11:00) 

Скопје - Обука-работилница на тема „Превенција од насилен екстремизам и врсничко насилство“, во организација на Центарот за толеранција и доживотно учење. (ОУ „Кочо Рацин/12:00) 

Скопје -  Прес-конференција на Агенцијата за филм. (простории на Агенцијата за филм/12:00) 

Скопје - Факултетот за ликовни уметности – Скопје организира предавање и специјализирана работилница, предводени од професорот Фалк Хубнер и истражувачката Хелен де Хун од Фонтис академијата за уметности (Fontys Academy of the Arts) од Холандија. (библиотека и предавалната на ФЛУ, во кампусот „Педагошка“ во населба Карпош/13:30) 

Скопје - Отворање на самостојната изложба на Петра Јовановска „Кружен брош“. (Галерија „КО-РА“ – мал салон, Дом на култура „Кочо Рацин “–Скопје/20:00) 

_______________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан