• сабота, 06 декември 2025
МИА Најави - МКД (ДПЛ)

20 ноември 2025 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Собрание, сала 4/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/12:00) 

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средба со Скот Беjтс, регионален директор на НДИ за Европа и Евроазиjа. (Собрание, сала на Влада/11:30)

Скопје - Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите ќе одржи средба со нерезидентен амбасадор на Аргентинската Република, Алехандро Зотнер Мејер. (Собрание, сала на Уставна комисија/12:00)

Скопје - Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија, Муса Џафери ќе одржи средба со казахстанскиот амбасадор Сатибалди Буршаков. (Собрание, канцеларија 253/13:00)

Скопје -  Еднодневна работилница „Детски парламент“. (Собрание, голема купола/10:00)

Скопје -  Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја посети Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” - Скопје. (11:00, предвидени се изјави за медиумите)

Скопје - Заменик генералниот секретар на Советот на Европа, Бјорн Берге, министерот за правда Игор Филков, директорот во Директоратот за мултилатерални односи и безбедносна соработка, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Кире Илиоски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Бен Нупнау, и претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски ќе се обратат на настан по повод Европскиот ден на правдата во организација на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, со поддршка на ЕУ. (МНР/9:30) 

Скопје - Министeрката за образование и наука, Весна Јаневска, претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Душан Томшиќ, генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Леонид Јандреоски и Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ ќе се обратат на настан по повод почнувањето на кампањата против дискриминација во фудбалот и промовирање инклузија во спортот. (EU Europe House/11:00) 

Битола - Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени ќе присуствува на пуштање во употреба на соба за работа со деца во рамки на програмата „Шведска поддршка на полициските реформи во Северна Македонија“.  (СВР Битола/13:00)

Скопје - Конференција „Пет години превенција и заштита од дискриминација: постигнувања и идни насоки” во организација на Комисијата за заштита од дискримнинација. (Клуб на пратеници/09:00)

Скопје - Прес-конференција на коалицијата Влен. (седиште на Алтернатива во Скопје/13:30)

Скопје - Прес-конференција и бизнис форум „Идни перспективи за соработка меѓу Тајван и Северна Македонија – Заедно за успех, кон светот“ во организација на Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија (БКСМ) и Претставништвото на Тајпеј во Италија. (х. Холидеј ин/11:00)

Скопје - Промоција на мрежата на националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина „Соседите помагаат први“ и претставување на Интервентната единица на Црвениот крст на РСМ за одговор при катастрофи на републиќкиот Црвен крст. (х.„Хилтон“/11:00, изјави за медиумите/10:45)

Скопје - Сојузот за превентива од болестите на зависност организира Форум за борба против зависностите: „Да ги спасиме младите од зависностите“. (Дом на хуманитарни организации ,,Даре Џамбаз“/11:00)

Скопје - Едукативен форум „Education for the Future“ во организација на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС). (х.„Александар Палас“/9:00)

Скопје - Прес-конференција по повод Четвртатата конференција за мировно образование во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ.  (х.„Холидеј ин“/10:00)

Скопје - Национална конференција за наставници 2025 и отворање на Клуб на наставници за 2026 година во организација на ЛЕАД - Лидери за едукација, активизам и развој. (Ресторан Парк/10:00)

Скопје - Медиумски брифинг во организација на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС. (Маџо 2.0/10:30)

Скопје - Годишен симпозиум и дискусија на тема „Архивирањето како изведување на критичка пракса“ на AICA Македонија.  (Музеј на современа уметност/17:00)

Скопје - „75 години Танец“ - Монографска презентација на архивската граѓа од архивот на Н.У Ансамбл за народни игри и песни „Танец“. (НУ НУБ „Св.Климент Охридски“/18:00)

Скопје - Прогласување на добитникот на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2025 година - проф. д-р Љубомир Цуцуловски. (Филозофски факултет, свечена сала)

Скопје - Промоција на едицијата „Големи зборови за мали уши“, на издавачката куќа „Арс Ламина“. („Дајмонд мол“, книжарница „Литература.мк“/19:00) 

Скопје - Отворање на изложбата „Приказни од маргините“ на Ѓорѓе Јовановиќ. (Музеј на град Скопје/20:00)

Скопје - Концертна промоција на албумот „Растенија без корен“ на Дина Јашари. (Паблик Рум/20:00)

 Скопје - Концерт на дуото Günther/Kostov: Times of Turbulence. (Филхармонија/20:00)

_______________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан