• сабота, 22 февруари 2025

Метју Лилард во „Врисок 7“

Метју Лилард во „Врисок 7“

Лос Анџелес, 31 јануари 2025 (МИА) - Метју Лилард, кој се прослави со првиот филм од американскиот серијал „Врисок“ (Scream) од 1996 година, се враќа во седмиот дел од хорор-сагата што треба да се прикажува идната година.

Занимливо е тоа што младиот Стју, неговиот легендарен лик од пред скоро 30 години - умре... Или, барем така мислат обожавателите на еден од најпознатите хорор-филмови од крајот на 20. век. Но, сличен е случајот и со неговиот другар од првиот дел - Били (Скит Улрих) кој се врати во последните два филма од серијалот.

„Врисок“ ја постави кариерата на Лилард - на светско ниво. А, глумецот овојпат им се приклучи на старите познанички од првиот дел - Нев Кембел и Кортни Кокс, на Скот Фоли, Мејсон Гудинг и Јасмин Савој Браун,  како и на новите лица - Изабел Меј, Селест О'Конор, Аса Герман, Мекена Грејс, Сем Рехнер, Ана Камп, Џоел Мекхејл и Марк Консуелос. Режисерот на досегашните шест дела, Кевин Вилијамсон повторно ја зеде режисерската палка в рака.

„Врисок 7“ треба да се прикажува од 27 февруари, следната 2026 година.  си/сд/

Фото: ЕПА

Остани поврзан