Мерц на партиска конференција вети дека ќе ја „води Германија напред“
- Фаворитот за следен канцелар на Германија Фридрих Мерц денеска рече дека е подготвен да ја „води Германија напред“ на конференција на неговата конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ), одржана три недели пред изборите.

Берлин, 3 февруари 2025 (МИА) – Фаворитот за следен канцелар на Германија Фридрих Мерц денеска рече дека е подготвен да ја „води Германија напред“ на конференција на неговата конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ), одржана три недели пред изборите.
- Подготвени сме повторно да ја водиме Германија напред, рече Мерц, ветувајќи дека „ќе се зафати без одлагање и ќе се справи со основните причини за проблемите што ја парализираа Германија толку долго“.
Мерц (69) рече дека неговата опозициска алијанса ЦДУ/ЦСУ, која води во анкетите за гласањето на 23 февруари со околу 30 отсто, има „план за Германија“.
Како што јави ДПА, тој доби громогласен аплауз од делегатите, кои едногласно се согласија за „програма за итна акција“ на конференцијата, вклучувајќи контроверзни мерки за реформирање на законите за миграција и зајакнување на германската економија. јт/
Фто: ЕПА