МВР Билтен
- На 12.02.2025 во 20.30 и 23.10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З.Ч.(42) и еден малолетник, двајцата од Кавадарци. На улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници го затекнале З.Ч. во моментот кога на малолетникот му продавал зелена растителна материја, која подоцна била пронајдена кај малолентикот. Потоа, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на З.Ч., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја, кафеава материја, 231 семки од зелена тревкаста материја и дробилка. Со малолетникот бил извршен разговор во присуство на родител и адвокат, а за настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на настанот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје, 13 февруари 2025 (МИА) - На 12.02.2025 во 20.30 и 23.10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З.Ч.(42) и еден малолетник, двајцата од Кавадарци. На улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници го затекнале З.Ч. во моментот кога на малолетникот му продавал зелена растителна материја, која подоцна била пронајдена кај малолентикот. Потоа, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на З.Ч., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја, кафеава материја, 231 семки од зелена тревкаста материја и дробилка. Со малолетникот бил извршен разговор во присуство на родител и адвокат, а за настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на настанот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 12.02.2025 на патниот правец кон с.Лениште, во близина на Ленишки мост во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп пронашле пакување со марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 12.02.2025 во 12.20 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Скопје било пријавено дека околу 11.00 часот во кругот на установата биле пронајдени марихуана и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.02.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 50.000 денари. Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант, кое починало, и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (13.02.2025) во 00.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Н.(42) од Скопје, затоа што, по претходно недоразбирање во сообраќајот, го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со Д.П.(25) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.02.2025 во 17.18 часот во СВР Штип, од Казнено - поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 16.40 часот осуденикот Д.М.(35) од Штип бил физички нападнат од осуденикот Б.Х.Ј.(44) од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.02.2025 во 15.58 часот во СВР Скопје, В.С.(40) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од С.С.(37) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.02.2025 во 16.20 часот во СВР Скопје, Ѓ.С.(34) од Скопје пријавил дека на 11.02.2025 околу 13.00 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Гази Баба, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, при што еден од нив се обидел да го нападне и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.02.2025 во 17.20 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.А.(50) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка М.А.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 12.02.2025 во 11.50 часот во СВР Битола, Ф.М.(59) од с.Ношпал, општина Могила, пријавила дека на ул.„Прилепска” во Битола била касната од куче скитник.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.П.(20) и 17 - годишник, двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 02.09.2024 во с.Арачиново, скопско, пријавените, по претходна расправија, физички го нападнале Б.Р. од Скопје и испукале три куршуми кон него и му нанеле тешки телесни повреди.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект и против А.Р.(27) од Струга, сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. На 17.01.2025, при извршена контрола било констатирано дека во угостителскиот објект бил вграден апарат, кој го манипулирал броилото за електрична енергија и на тој начин не била прикажувана реалната потрошувачка на електрична енергија. На тој начин била оштетена ЕВН Груп Македонија за износ од 260.045 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Џ.(33), М.Б.(38), Ѓ.К.(39) и Х.Џ.(34), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 28.10.2024 пред угостителски објект во Тетово, пријавените физички ги нападнале З.Ф. и М.Ф., при што го уништиле инвентарот кој бил поставен пред објектот.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Д.(29) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста”. На 10.02.2025 во Кочани, пријавениот агресивно се однесувал и подоцна физички нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Е.(39) од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 09.01.2025 во с.Приковци, кратовско, пријавениот со остар предмет им се заканувал на неговата сопруга и неговиот брат.
СВР Битола поднесе кривична пријава против У.В.(31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 26.01.2025 во Прилеп, пријавениот физички го нападнал Р.Ф. и со остар предмет му се заканувал.
СВР Штип поднесе кривична пријава против П.Г.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.10.2024 во Казнено – поправната установа Затвор Штип, при претрес над пријавениот, кој издржувал затворска казна, биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К.(30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.10.2023 во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Џ.(46) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.10.2024 во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(29) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.05.2024 во Охрид, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и дигитална вага.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.05.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.Ј.(57) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 19.09.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка и 22 патрони.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Ф.(68) од с.Ново село, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“ На 10.04.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле контрола на комбе „форд транзит“, сопственост и управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца од надлежен орган. миа/миа/
фото: МИА архива