• петок, 21 февруари 2025
МВР Билтен

Скопје, 2 февруари 2025 (МИА) - Полициски службеници ноќеска во 01:10 часот во Градскиот парк во Скопје го привеле Н.Ф.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 15 минути по полноќ на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 22:50 часот синоќа на подрачјето на Центар приведен е Д.К.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 14 часот вчера на подрачјето на Гази Баба приведен е Ј.Д.(21) од Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 19:40 часот во Кадриово маало на подрачјето на Гази Баба приведен е Р.А.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во село Инџиково вчера во 19:50 часот приведен е Р.Д.(22) затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 10.40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Б.Н.(29) од с.Долно Палчиште, тетовско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Во СВР Битола вчера било пријавено дека на ул.„Генерал Васко Карангелевски“ во Битола патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(64), удрило во пешакот А.Б.(89), двајцата од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Утринава во 05.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод патничко возило „фиат пунто“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Л.(28) од Кичево, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатничката М.С.(19), а со телесни повреди се здобил уште еден сопатник З.Р.(30), двајцата од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Вчера околу 21.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар после раскрсницата за с.Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(38) од с.Свиништа и патничко возило „пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(35) од с.Зајас.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Н. и неговата сопатничка Д.Р.Т.(65), констатирани во Медицинскиот центар Кичево, додека вториот сопатник во возилото, С.Т.(65) од Охрид, се здобил со телесни повреди. Кај Е.А., која го управувала возилото „пасат“, во болницата во Кичево биле констатирани телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Вчера во 16.15 часот во Полициската станица Центар, А.Ј.(40) од Скопје пријавил дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 
Во 19.50 часот вчера во Полициската станица Центар, З.Т.(59) од Скопје пријавил дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во 15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Љ.С.(66) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во 14:10 часот во Полициската станица Кочани, З.С.(44) од Кочани пријавил дека во Градскиот парк во Кочани, бил каснат од куче скитник.

Во петокот во 20.30 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода Н.С.(28), А.Р. ( 21) и Р.Б. (30 ) од Крива Паланка, затоа што од приватен имот на улицата „Пиринска" во Крива Паланка одзеле предмети.

Н.С. и Р.Б. биле спроведени во затвор Кшање, каде одлежуваат затворска казна, а биле пуштени на викенд отсуство. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави. бак/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан