МВР Билтен
- 10 декември 2025 година
Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.М.(46) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 04.06.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во дом на негов роднина, при што се пронајдени и одземени марихуана, семки и дробилка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.С.(31) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 29.10.2025 во угостителски објект во Пробиштип, пријавениот агресивно се однесувал и упатувал закани кон сопственикот и гостите, а оштетил и дел од инвентарот.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Џ.К.(62) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 25.11.2025 пред угостителски објект во Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од Кочани.
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Е.К.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
На 23.10.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, при гранични проверки и контрола на патничко возило „бмв“, кое го управувал, пронајдена е фалсификувана возачка дозвола.
На 09.12.2025 во 11:50 часот на улица „Вељко Влаховиќ“ во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода А.К.(44), К.К.(48) и В.Г.(50), сите од Република Бугарија, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ по член 235 и „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 од Кривичниот законик.
А.К. и К.К. се затекнати во патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, а В.Г. е затекнат со возило комбе „пежо боксер“ со бугарски национални ознаки и кај нив се пронајдени предмети и делови од народна носија за кои не можат да го докажат потеклото. Предметите се прегледани од етнолог од Музеј Битола и констатирано е дека се работи за делови од македонски народни носии кои претставуваат културно наследство и се со забрана за промет и за продажба без нивна дозвола. Тројцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Д.(22) од с.Горно Количани, скопско и Л.В.(19), А.Р.(27) и Е.Ч.(34), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 09.12.2025 околу 12:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Беласица“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(60) од с.Палатица, тетовско и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(41) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 10.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Владимир Полежиноски“ и ул.„Костурски Херои“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(25) од Тетово и велосипед управуван од Е.Ч.(19) од Турција, со привремен престој во Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 09.12.2025 во 19:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Плачковица-Штип, кај с.Стар Караорман, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.Б.(24) од Република Турција, со престој во Штип, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците С.Б.(18), У.К.(24) и Ј.Б.Т.(27), сите од Турција, со престој во Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 09.12.2025 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.Р.(53) од Струмица.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 05.12.2025 кај каналот „Студенчишта“, пријавениот физички го нападнал Г.Т. од Охрид, а при службен разговор во СВР Охрид агресивно се однесувал кон полициските службеници.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во Струга, против управителот С.Т.(55) од Струга и против Н.Б.(53) од с.Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
При контрола во патниот сообраќај, извршена на регионалниот пат Струга-Дебар, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски таблички, управувано од Н.Б., при што е констатирано дека врши јавен такси превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.
На 09.12.2025 во 14:45 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско пријави дека во септември 2025 година бил измамен од Б.Н. и Р.„Н“ за сума од 74.000 денари.
Според пријавеното, парите им ги дал да купат материјал од стовариште и да ги довршат градежните работи во неговата куќа, а откако дознал дека материјалот во стовариштето воопшто не е платен, а Б.Н. избегнувал контакт со него, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.12.2025 во 20:45 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Н.Ч.(52) од с.Рашче, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.12.2025 во 11:30 часот во СВР Скопје, Ј.С.(45) од Скопје пријави дека на 07.12.2025 околу 22:30 часот на подрачјето на Радишани, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.12.2025 во 00:30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ѓ.А.(46) од Скопје пријави дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка М.У.(13) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. бд/
Фото: МИА архива