• четврток, 12 март 2026

Лишен од слобода 30 - годишник од неготинско, му се заканувале на татка си

Лишен од слобода 30 - годишник од неготинско, му се заканувале на татка си

Неготино, 10 декември 2025 (МИА) - Лишен од слобода бил 30 - годишник од Неготинско, кој што му се заканувал на татка си, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  

-Вчера во 14 часот, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода 30-годишник од Неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот упатувал закани на неговиот 53-годишен татко. Тој e задржан во полициска станица, известен e јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираа од СВР Велес. свд/вг/

Фото: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан