МВР Билтен (ДПЛ)
- Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес вчера во 16 часот го лишиле од слобода З.К.(54) од Велес.

Скопје, 7 февруари 2025 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес вчера во 16 часот го лишиле од слобода З.К.(54) од Велес.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена темно кафеава грутчеста материја, за која по извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања било утврдено дека е опиум со нето маса од 11 килограми.
З.К. бил задржан во полициска станица, известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
На 06.02.2025 во 21.30 часот на автопат А1 во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишиле од слобода З.В.(43) од Штип.
Тој бил осуден на затворска казна во траење од седум години и два месеца за сторено кривично дело „разбојништво“, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Штип. Лицето е спроведено во КПУ Затвор Штип за доиздржување на две години и пет месеци од казната.
На 06.02.2025 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода еден малолетник од с.Ново Село, Скопско, и Д.М.(18) од с.Бардовци, Скопско, затоа што при преглед во рачната торба кај малолетникот биле пронајдени и одземени марихуана, пари и други предмети.
По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе следува кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.
На 06.02.2025 во 21.25 часот на регионалниот пат Струга - Дебар, кај место викано Суво поле, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта го лишиле од слобода Е.Ј.(26) од струшкото село Лабуништа.
При преглед во патничко возило „митсубиши“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.02.2025 во 20.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(35) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06/07.02.2025 во периодот од 23.20 до 00.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државен пазарен инспекторат - Тетово, извршиле контрола во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово со цел пронаоѓање и откривање лица инволвирани во извршување кривични дела.
За време на контролата од слобода биле лишени Ф.Н.(34) од с.Рогле, Тетовско, В.Н.(44) од Крива Паланка и М.Д.Т.(32) од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело по член 191 од Кривичниот законик.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
На 06.02.2025 во СВР Куманово било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, Кратовско, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото на настанот.
Лекар констатирал смрт, а за настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.02.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 615.000 денари.
Според пријавеното, лицето телефонски ѝ се јавило и се претставило како полициски службеник кој работел во Германија, каде живеела и нејзината ќерка, и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати.
Како што е пријавено, таа подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.02.2025 во 11.10 часот во Клиничка болница Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Х.(34) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во ноември 2024 година извршил обљуба врз малолетник од Тетово.
За случајот биле известени и вклучени јавен обвинител и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Р.Х. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 06.02.2025 во 20.10 часот во СВР Скопје, Р.А.(38) од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот пред семејниот дом на подрачјето на Бит-пазар, бил физички нападнат од Ф.Б. од с.Грушино, Скопско.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.02.2025 во 19.40 часот во с.Сарај, Скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле М.А.(15) од Скопје, за која на 05.02.2025 беше пријавено дека се оддалечила од домот.
На 06.02.2025 во 14.45 часот во СВР Скопје, 48-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќал од Центар до општина Аеродром, неколку машки малолетни лица ја вознемирувале неговата малолетна ќерка и ја допирале по телото, при што едно од нив се соблекувало пред неа.
Известен бил јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (07.02.2025) во 01.25 часот во СВР Скопје, И.Б.(41) од Скопје пријавила дека на 05.02.2025 околу 21.00 часот во парк на подрачје на Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички и еден малолетник.
Притоа ѝ ја одзеле чантата со пари, мобилен телефон и други лични работи, додека, пак, друг малолетник снимал со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.(54) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 11.11.2024 во Тетово, пријавениот физички го нападнал неговиот брат, при што употребил тврд предмет.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(51) и Ќ.А.(22), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 17.12.2024 во Тетово, по претходно недоразбирање околу наплата, пријавените физички нападнале вработен во Јавното претпријатие „Градски паркинг“ - Тетово.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.А.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.
На 03.01.2025, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел повреди.
СВР Битола поднесе кривични пријави против Н.П.(29) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“, против Ј.М.(46) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поттикнување“ во врска со „пустошење на шума“ и „кражба“ и против правно лице од с.Врбоец, Крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
На 02.11.2024 во атар на с.Вирово, по претходен договор со второпријавениот, првопријавениот извршил сеча на 28 букови стебла од место кое не е предвидено за сеча. Додека, пак, на 04 и 05.11.2024 од склад во с.Бигла-Вирово, второпријавениот одзел дрва во име на третопријавеното правно лице, што е спротивно на договорите за купопродажба на огревно дрво склучени помеѓу правното лице и Јавното претпријатие „Национални шуми“.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.А.(51), Ш.М.Е.(55) и О.Р.(31) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Во текот на октомври 2024 година во Буновец, атар на с.Урвич, општина Боговиње, пријавените изградиле ѕид со бетон и железо и дрвена рам конструкција, без да поседуваат одобрение за градба од надлежен орган.
СВР Штип поднесе кривична пријава З.А.М.(57) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Од семејната куќа на Б.Б. во Делчево, пријавената неовластено ја земала дебитната картичка и во повеќе наврати од банкомат подигнала 27.000 денари. хс/
Фото: МИА архива