• петок, 21 февруари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 23 јануари 2025 (МИА) - На 22.01.2025 во 18.15 часот на автопатот Табановце - Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода З.Д.(44) од Велес, соопштија денеска од МВР.

Тој бил затекнат како во патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, качувал три лица мигранти, од кои двајца од Непал и еден од Индија. Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а по целосно документирање на случајот, против З.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 23.01.2025 во 06.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И. (28) од село Отља, општина Липково. Тој се сомничи дека со закана со огнено оружје одзел пари од такси возачот М.П.(45) од Куманово, кој го превезувал од Куманово до с.Отља. Е.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 22.01.2025 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.К.(43) од село Отља, општина Липково и Р.И.(34) од село Липково. При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, била пронајдена марихуана, дигитални ваги и дробилка. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Р.(44) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, вработен лекар во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид, не ја исполнил својата законска обврска за продолжување на лиценцата за работа со важност од 28.02.2015 до 28.02.2022 и продолжил со работа без да поседува лиценца за работа. Истовремено, тој примал редовен месечен надоместок за плата и други додатоци, со што ја оштетил Јавната здравствена установа.

На 22.01.2025 во 14.00 часот во казино во струшкото село Велешта, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишиле од слобода Д.М.(37) од струшкото село Лабуништа, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.01.2025 во 16.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Д.(69) од село Клечовце, општина Старо Нагоричане. Тој се сомничи дека претходно во село Клечовце со остар предмет го нападнал Д.Ј.(33) од истото село и му нанел убодна рана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 22.01.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека на 16.01.2025 во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.С.(40) од Скопје. Со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.01.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Ј.Н. и В.Н., родители на неговата сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.01.2025 во 23.40 часот во СВР Велес- ОВР Кавадарци, Д.Т. од Кавадарци пријавила дека во станот во кој живее во Кавадарци, ја пронашла почината, со повреди по телото, нејзината мајка С.С.С.(52) од Кавадарци. Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Кавадарци и јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, по чија наредба телото било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.01.2025 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, С.А.(32) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.01.2025 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пат од село Катлановско Блаце кон село Бадар, општина Петровец, било опожарено патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.В.(61) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 23.01.2025 во 05.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта, со употреба на сила, било влезено во објект на правен субјект на подрачјето на Чаир и биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.01.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје, Ш.Т.(59) од Скопје пријавила дека околу 20.40 часот на подрачјето на Чаир, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело паричник со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.01.2025 во 09.10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на подрачјето на Шуто Оризари лекар констатирал смрт кај тримесечно машко бебе. По наредба на јавен обвинител, телото на бебето било предадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

На 22.01.2025 во 18.00 часот во Полициската станица Велес, А.К (62) од Велес пријавил дека на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес бил каснат од куче скитник.
 
На 22.01.2025 во 18.40 часот во Полициската станица Велес, В.Ѓ.(76) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.
 
На 22.01.2025 во 20.00 часот во Полициската станица Велес, Т.П.А.(64) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.М.(32) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурност” и „неизвршување судска одлука”. Пријавениот испраќал заканувачки пораки на неговата поранешна сопруга и не се придржувал кон мерките издадени од Основен суд Куманово за посета на неговото неколкумесечно бебе.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.С.(45) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи “. На 09.09.2024 на магистрален пат Кичево - Охрид, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди”, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени малокалибарска пушка и куршуми за пушката.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.О.(20) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 30.12.2024 во с.Матејче, општина Липково, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(47) од с.Шемшово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување’’ во врска со кривично дело „грабнување“. На 09.04.2024, пријавениот лажно пријавил дека во село Шемшово четири лица насилно го внеле во патничко возило, го однеле во с.Грчец, физички го нападнале, му барале пари, а потоа го оставиле во с.Добарец. цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан