• петок, 21 февруари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 3 февруари 2025 (МИА) - Во СВР Скопје денеска во 6 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош во Скопје било опожарено патничко возило „пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.В.(45) од Скопје.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.02.2025 околу 16.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во с.Разловци, делчевско, К.К.(52) од село Разловци, управувајќи трактор „имт“ на некатегоризиран пат во селото, изгубил контрола и излетал од патот.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ„Гоце Делчев“ во Делчево, а увид на местото извршила екипа од ОВР Делчево.

На 02.02.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена пријавила дека околу 13.30 часот во семејниот дом во скопско село, таа и нејзината мајка, биле физички нападнати од нејзиниот поранешен брачен партнер С.П..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.02.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди и изгореници бил донесен малолетник од Скопје.

Извршен бил службен разговор со неговата мајка Ш.Л.(45), која појаснила дека додека била дома, слушнала експлозија по што излегла надвор и го забележала синот со изгореници по телото. Увид на местото извршиле полициски службеници при СВР Скопје, при што пронашле пиротехнички средства.

На 02.02.2025 во 10.00 часот во СВР Битола, С.Н.(67) од Битола пријавил дека на ул.„Ѓорѓи Наумов“ во Битола бил каснат од куче скитник. 

На 02.02.2025 во 09.40 часот во ОВР Прилеп, С.Н.(47) од Прилеп пријавила дека на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп била касната од куче скитник.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 29.12.2023 во Охрид, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К.(36) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.

Нa 22.12.2024 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана сообраќајна дозвола. хс/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан