• среда, 10 декември 2025

Мачадо нема да присуствува на доделувањето на Нобеловата награда за мир во Осло

Мачадо нема да присуствува на доделувањето на Нобеловата награда за мир во Осло

Осло, 10 декември 2025 (МИА) – Венецуелската добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година, Марија Корина Мачадо нема да присуствува на денешната церемонијата на доделување награди во Осло поради заканите од авторитарното раководство на нејзината земја, соопшти денеска Нобеловиот институт.

Директорот на Институтот, Кристијан Берг Харпвикен изјави дека Мачадо не е во Норвешка и нема да присуствува на денешното доделувањето на наградата во Градското собрание на Осло.

Мачадо ја доби Нобеловата награда за мир во октомври за нејзината посветеност на демократските права на венецуелскиот народ. Таа живее во Венецуела, но се крие од властите, бидејќи се плаши дека може да биде убиена од властите.

Канцеларијата на венецуелскиот јавен обвинител неодамна се закани дека ќе ја смета 58-годишната Мачадо за бегалец ако ја напушти Венецуела поради разни истраги против неа. ми/мс/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан