• недела, 11 јануари 2026

Манчестер сити преку Брентфорд до полуфиналето на англискиот Лига куп

Манчестер сити преку Брентфорд до полуфиналето на англискиот Лига куп

Манчестер, 18 декември 2025 (МИА) - Манчестер сити го победи Брентфорд со 2:0 во четвртфиналето на англискиот Лига куп. Натпреварот се одигра синоќа на „Етихад“ во Манчестер.

Францускиот играч од средниот ред Рајан Черки го отвори резултатот во 32. По паузата, бразилскиот крилен напаѓач Савињо го постави конечниот резултат.

Противникот на Манчестер Сити во полуфиналето ќе биде одреден со жрепка. 

Претходно Челзи се пласира во полуфиналето откако го победи Кардиф сити со 3:1, додека Њукасл го совлада Фулам со 2:1.

Во последното четвртфинале ќе играат Арсенал и Кристал Палас. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан