• понеделник, 08 декември 2025

Манасиевски: Наместо лаги за Томовски, добро е СДС да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица

Манасиевски: Наместо лаги за Томовски, добро е СДС да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица

Скопје, 8 декември 2025 (МИА) - Каде е тука криминалот? Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ како и илјадници други, а податоците се и јавно достапни, рече Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, прашан за обвинувањата од СДСМ за наводни злоупотреби на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, и дека неговата семејна фирма  добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра. 

Во одговор на новинарско прашање на прес-конференција денеска Манасиевски рече дека „тимот за одбрана на криминалот на Заев и Филипче кои го претставуваат за антикорупциски тим мислат дека сега ја открија Америка“.

- Големото откритие е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, како и илјадници други, а податоците се и јавно достапни. Прашањето е каде е тука криминалот? Јасно е дека нема. Наместо текстовите да им ги пишува Зоран Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица. Тие ќе им кажат дека ваквата реторика освен правење  димна завеса за прикривање на криминалот на Зоран Заев, нема никаква друга релевантност, кажа Манасиевски. 

Лага е тврдењето на СДСМ, рече, дека фирма на Томовски добила милионски тендери затоа што тој „нема фирма и нема никакви приходи од споменатата компанија која и таа самата тоа го потврди“.

-СДС велеа дека главниот број на фирмата е бројот на Томовски. Вистината е следна: службените броеви на компанијата се други, а личниот број на Томовски е негов со години. СДС тврди дека Томовски бил донатор на ВМРО ДПМНЕ и тоа било потврда дека тој имал бизниси. Вистината е следна: јавен и никогаш скриен податок е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, и тоа не значи кршење на било каков закон. Во овие три наврати се потврдува дека СДС лаже. Но, го прашуваме Венко, дали не е криминал тоа што додека тој е министер, негов министер и колега вицепремиерот Кочо Анѓушев му ги градеше модуларните болници од кои една се запали и загинаа 14 наши сограѓани? Кога тимот за одбрана на криминалот на Венко и Заев ќе го испита овој случај? Тоа треба да одговорат, додаде Манасиевски. хс/бак/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан