Магла на патниот правец Гајре - Лисец
- Намалена видливост до 30 метри поради појава на магла има има на патниот правец село Гајре - село Лисец, соопшти АМСМ.

Скопје, 4 февруари 2025 (МИА) - Намалена видливост до 30 метри поради појава на магла има има на патниот правец село Гајре - село Лисец, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/са/
Фото: МИА архива