Лишени од слобода четворица кавадарчани, полицијата ги сомничи дека одзеле ламинат од фирма
- Лишени од слобода се четворица кавадарчани, полицијата ги сомничи дека одзеле ламинат од фирма, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Кавадарци, 10 јануари 2026 (МИА) - Лишени од слобода се четворица кавадарчани, полицијата ги сомничи дека одзеле ламинат од фирма, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Вчера во времето од 16 до 19:35 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода кавадарчаните Е.О.(32), И.С.(28), К.Ј.(26) и Ѓ.К.(26). Тие се сомничат дека од магацински простор, сопственост на правно лице од Кавадарци одзеле ламинат. Дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе била поднесена соодветна пријава. свд/дма/
Фото: МИА