• сабота, 04 мај 2024

Левица ќе изгради спомен-обележје посветено на бранителите од Вејце

Левица ќе изгради спомен-обележје посветено на бранителите од Вејце

Скопје, 26 април 2024

Ви го претставуваме идејниот проект кој Левица ќе го изгради во Вејце од позиција на власт, во чест и помен на загинатите бранители од Вејце, кои несебично се жртвуваа во војната во 2001 година.
 
Масакрот од 2001 година во село Вејце останува дел од колективната меморија на Македонците како најголем пораз на државните институции од група на терористи, кои ден денес немаат праведна судска разврска, туку напротив истите тие кои ги направија овие злосторства беа амнестирани и наградени со удобни фотелји.
 
Делегација на Левица на 28 Април ќе положи свежо цвеќе за сеќавање на жртвата на осуммина припадници на специјалната единица "Волци" кои беа убиени, масакрирани и живи запалени на истиот тој ден пред 23 години.
 
Проектот го изготви м-р Андреа Јанков, координатор на секторот за Урбанизам и локална самоуправа на Левица.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан