Лани кумановци поднеле 123 претставки до канцеларијата на Народниот правобранител
- Во подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Куманово, која го покрива североисточниот реон и градовите Куманово, Крива Паланка и Кратово како и руралните општини Старо Нагоричане и општина Ранковце и Липково во 2024 година беа поднесени 123 претставки по кои постапуваа двајца извршители, државен советник и советник.

Куманово, 4 февруари 2025 (МИА) - Во подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Куманово, која го покрива североисточниот реон и градовите Куманово, Крива Паланка и Кратово, како и руралните општини Старо Нагоричане и општина Ранковце и Липково во 2024 година беа поднесени 123 претставки по кои постапуваа двајца извршители, државен советник и советник.
- Најголем број претставки, 21, се поднесени од областа правосудство и тоа најмногу за работата на извршителите, потоа од областа потрошувачки права и казненопоправна установа по 13, од областа пензиско и инвалидско осигурување 12 претставки, граѓански состојби 11 претставки, социјална сигурност и социјална заштита десет претставки, урбанизам и градежништво како и работни односи по девет претставки, имотно-правни односи осум претставки, други права шест претставки, финансии и царина четири претставки, полициска постапка три претставки, здравствено осигурување и детски права по две претставки, изјави државниот советник, Гордана Тренчевска Ристовска
Од канцеларијата нагласуваат дека за поголем број од поднесените претставки, институциите реагираат односно доставувале одговори навремено, но, имало и институции и органи кои или не доставувале одговори или доцнеле со одговорите.
Канцеларијата на Народниот правобранител во изминатата 2024 година ја посетиле повеќе од 450 граѓани. Најчесто барале правен совет во врска со предмети кај извршители во однос на застарувањето и пресметката на камата, изземањето од извршување и слично. Голем дел од граѓаните барале правна помош и во однос на повреда на потрошувачките права сторена од страна на давателите на услуги. ам/сст/
Фото: МИА