• петок, 21 февруари 2025

„Купи карти сега, искористи ги до 1 јуни“ - нова кампања на ЗОО Скопје

„Купи карти сега, искористи ги до 1 јуни“ - нова кампања на ЗОО Скопје

Скопје, 3 февруари 2025 (МИА) - Зоолошката градина на Град Скопје ги повикува сите општествено одговорни компании, ресторани и институции да купат влезници за ЗОО Скопје кои ќе важат до 1 јуни 2025 година, а кои ќе можат да ги поделат на своите вработени,  потрошувачи и клиенти.

-Зимата е најчесто период со најмала посетеност, а тимот на Зоолошката градина секогаш се труди и успева животните да добиваат првокласна храна според класифицирана европска табличка и да имаат најдобри услови, иако цената за влез е само 80 денари, а месечните трошоци се речиси три пати поголеми од пред само три години, се вели во соопштението. 

Посочуваат дека со секоја купена влезница се помага за благосостојбата на животните, како и во прославата на јубилејот „100 години Скопје ЗОО“. 

Сите заинтересирани може да ги контактираат на zooskopje@zooskopje.com.mk  мд/дма/

Фото: ЗОО Скопје

Остани поврзан