• сабота, 22 февруари 2025

Куманово одбележува 81 година од загинувањето на Христијан Тодоровски Карпош

Куманово одбележува 81 година од загинувањето на Христијан Тодоровски Карпош

Куманово, 7 февруари 2025 (МИА) - Во чест на 81-годишнината од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош, делегации од Здружението на борци, од Армијата, здруженија на граѓани и политички партии денеска положија цвеќе пред бистата на херојот во куќата музеј во Куманово. Присутните му одадоа почит на кумановскиот херој и ја посетија поставката во спомен куќата.

-Денеска одбележуваме 81 година од смртта на нашиот народен херој Христијан Тодоровски Карпош кој го даде својот живот за слобода на македонскиот народ и слободата на Македонија. Тој е од еден од осумте народни херои на нашиот град првоборец во козјачкиот партизански одред, командант на козјачкиот партизанскиот 1943 година, командант на баталјонот „Јордан Николов Орце“ 1943 година. Водел познати битки, бил исклучителен командант. Загинува на денешен ден 1944-та во Биљача, прешевско, изјави директорката и историчар во НУ Музеј Куманово, Марија Живачки.

На манифестацијата пред присутните зборуваше Зора Ивановска која рече дека кумановци не смеат да го заборават делото на Карпош, учениците прочитаа творби посветени на кумановскиот командант, присутните ја разгледаа историската постојана поставка во спомен куќата.

Куќата музеј на Христијан Тодоровски Карпош била отворена на 4 јули 1979 година. Претходно, со средства обезбедени од Министерството за култура, спомен куќата беше реновирана, а музејската поставка беше обновена со значајни историски експонати. Музејот е отворен за посетители секој работен ден.

-Куќата на Карпош е споменик на културата, инаку првпат е отворена во 1979-та првпат со постојана историска поставка. Во 2021 година куќава е целосно реконструирана и изложена нова поставка со нови предмети, документи, кои го отсликуваат животот и делот на Карпош. Посетителите можат да се јават и да обезбедиме водич, изјави Живачки.

Христијан Тодорвски Карпош за народен херој бил прогласен на 29 јули 1945-та година и тој еден од осумте народни херои на Куманово. ам/са/

Фото МИА

Остани поврзан