• недела, 11 јануари 2026

Краус од Австрија прва ривалка на Ѓорческа на Австралија опен

Краус од Австрија прва ривалка на Ѓорческа на Австралија опен

Мелбурн, 11 јануари 2026 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре (понеделник) ја очекува настап во квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда од квалификациите ќе игра против четвртата носителка 23-годишната тенисерка од Австрија Сиња Краус, која се наоѓа на 108. место на ВТА листата.

Мечот е планиран да се игра како последен на теренот број 12 што значи во попладневните часови во Мелбурн, а утрински по македонско време.

Ѓорческа неколку дена е во Мелбурн каде се адаптираше на временските услови, кои во одредени делови од денот достигнуваа и над 40 степени, што секако може да биде пречка за сите учесници на Австралија опен.

Македонката по третпат учествува на квалификациите на Австралија опен, а најдобриот резултат го имаше во 2017 година кога стигна до третото квалификациско коло и беше на чекор од влез на главниот турнир. зс/

Фото: ТФМ

Остани поврзан