Клизишта и поплави го отежнуваат сообраќајот во Косово
- На автопатот „Ибрахим Ругова“ во Косово е регистрирано клизиште, поради што е започната санација со цел сообраќајот повторно да се одвива нормално, соопшти вршителот на должноста министер за инфраструктура Хисен Дурмиши.
Приштина, 10 јануари 2026 (МИА) - На автопатот „Ибрахим Ругова“ во Косово е регистрирано клизиште, поради што е започната санација со цел сообраќајот повторно да се одвива нормално, соопшти вршителот на должноста министер за инфраструктура Хисен Дурмиши.
Говорејќи за состојбата по неодамнешните поплави предизвикани од обилни врнежи, Дурмиши информираше дека на патот Косово Поле – Ѓурѓица има задржување на вода на коловозот, што го отежнува сообраќајот.
На делницата Приштина – Урошевац, исто така, има вода на коловозот, а на еден сегмент сообраќајот бил целосно блокиран.
Под надвозникот кај селото Мазгит, во правец на автопатот, дошло до задржување на вода поради затнување на атмосферска канализација, при што надлежните служби интензивно работат на негово одблокирање.
Дурмиши информираше и дека на патот Жур – Драгаш е забележано поместување на коловозот. Поставена е соодветна сигнализација, а сообраќајот во моментов се одвива по една коловозна лента.
Тој ги повика граѓаните на разбирање додека траат работите за санација и апелираше да се избегнува непотребно движење по овие патни правци. ссм/
фото: архива