• петок, 21 февруари 2025

Караванот „До вас, за вас“ на Бирото за јавна безбедноста во Тетово

Караванот „До вас, за вас“ на Бирото за јавна безбедноста во Тетово

Тетово, 7 февруари 2025 (МИА) - На градскиот плоштад во Тетово денеска граѓаните имаа можност подетално да се запознаат со работата на полицијата во рамки на караванот „До вас, за вас“, чија цел е да се одржат едукативни интерактивни активности за населението на тема превенција на криминалот во државата, како и грижа на заедницата.  

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, нагласи дека целта е што повеќе да ја доближиме полицијата до граѓаните, граѓаните да знаат дека овде сме за нив. 

- Ние сме нивниот сервис и дека заедно со една заедничка соработка со едно заедничко анимирање, можеме заедно да придонесеме кон повеќе сегменти, посебно во делот на и сузбивање на криминалот и во превенција што ја водиме и со сето тоа да придонесеме сите во општата, односно колективната безбедност во нашава земја, истакна Јанев.

Оваа кампања ќе продолжи и во следната фаза во руралните и помали средини и месна низ Македонија.

- Сите статистички показатели кажуваат дека ние како полиција сме секогаш први на одредени места настан, без разлика дали е за добро или за лошо. За жал, некогаш и такви ситуации . Овде сме да дадеме да подадеме рака на сите.  Овде сме да ги смириме граѓаните, да превенираме и во секој една насока да придонесеме повторно, пак ќе кажам да бидеме партнер на граѓаните. Полицијата тоа што упатувам апел и до секогаш до колегите, а полицијата не е овде да владее, туку полицијата овде да служи, посочи директорот на БЈБ Јанев.

Тој на крајот истакна дека полициските службеници се платени од даночните обврзници на Македонија и затоа имаат обврска да ги почитуваат и спроведуваат законите. ас/цр

Фото: МИА 

 

Остани поврзан