Иранска Револуционерна гарда: Националната безбедност е нашата „црвена линија“
- Иранската Револуционерна гарда предупреди дека заштитата на достигнувањата на Исламската револуција од 1979 година и безбедноста на Иран претставуваат „црвена линија“, јави државната телевизија.
Техеран, 10 јануари 2026 (МИА) – Иранската Револуционерна гарда предупреди дека заштитата на достигнувањата на Исламската револуција од 1979 година и безбедноста на Иран претставуваат „црвена линија“, јави државната телевизија.
Оваа изјава доаѓа во моменти кога Исламската Република се соочува со едни од најмасовните антивладини протести во последните неколку години.
Претходно, со официјален став излезе и армијата, која порача дека ќе ги брани националните интереси, стратешката инфраструктура и државниот имот во контекст на актуелното протестно движење. ссм/
фото: архива