Иран ги затвори сите универзитети на неодредено време поради војната
- Сите академски активности се суспендирани, објави реформистички ориентираниот онлајн портал „Еслахат њуз“, повикувајќи се на Министерството за наука.
Техеран, 6 март 2026 (МИА) - Универзитетите низ Иран се затворени до понатамошно известување поради војната, објавија денеска иранските медиуми, пренесе ДПА.
Сите академски активности се суспендирани, објави реформистички ориентираниот онлајн портал „Еслахат њуз“, повикувајќи се на Министерството за наука.
Според извештајот, и часовите со физичко присуство и онлајн наставата се запрени, пренесува ДПА.сд/ми/
Фото: МИА архива