• недела, 11 јануари 2026

Интер загуби од Болоња во полуфиналето на Суперкупот на Италија

Интер загуби од Болоња во полуфиналето на Суперкупот на Италија

Ријад, 20 декември 2025 (МИА) - Интер синоќа загуби од Болоња во полуфиналето на Суперкупот на Италија што се одржува во Саудиска Арабија. Натпреварот на стадионот на „Универзитетот на Крал Сауд“ во Ријад беше решен по изведување пенали (3:2), откако основните 90 минути немаше победник (1:1).

Напаѓачот на „нераѕурите“, Маркус Турам, го отвори резултатот во втората минута. Пред полувремето, Рикардо Орсолини реализираше пенал за израмнување на резултатот.

Во финалето, Болоња ќе се соочи со Наполи, кој го победи Милан со 2:0.

Мечот за трофејот е закажан за понеделник (22 декември) со почеток во 20 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан