Изјава на градоначалникот на Општина Шуто Оризари за проблемите со Град Скопје за јавниот превоз и собирањето смет
- ситуацијата во општина Шуто Оризари со град Скопје.

13 февруари 2025
За да на јавноста а пред се на засегнатите граѓани им биде појасно, ќе бидам малку подолг. И за да не се претсавува веќе во јавноста како препукување, туку да се даде должно внимание на ПРОБЛЕМОТ кој го создава Данела Арсовска преку своите служби и претпријатија на граѓаните на општина Шуто Оризари, на мене како градоначалник на општината и на крајот од денот на сите граѓани на Градот Скопје.
После три годишниот проблем со немањето на редовен градски превоз во општина Шуто Оризари, на иницијатива на граѓаните најавивме протест пред Град Скопје за да укажеме дека ситуацијата е алармантна и дека ПРОБЛЕМОТ кој ни го создаваат мора да се реши. Ден пред протестот, преку трети лица ми беше пренесена порака од Данела дека ако не го откажам протестот, ќе имам ПОГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ со неа. Јас како градоначалник не функционирам со закани и уцени, туку работам во интерес на моите граѓани и секако дека не потпаднав на нејзините закани и како што знае пошироката јавност, протестот се реализираше во ноември 2024 година. Кој е исходот на протестот во интерес на граѓаните
Веднаш по завршување на протестот, службите на ЈП Комунална хигиена по насоки на градоначалничката, решија да ги бојкотираат граѓаните на општина Шуто Оризари и три месеци сметот од домаќинствата не се собираше и се создаде уште еден ПРОБЛЕМ. По бројни дописи, преписи, јавувања, барања на општина Шуто Оризари со ЈП Комунална хигиена и град Скопје, немаше реакција, а ПРОБЛЕМОТ растеше во купишта комунален отпад по сите улици на општината, за кое постојат видеа кои претходно ги објавував. Бидејќи на целата населба од создаденот ПРОБЛЕМ на Данела и ЈП Комунална хигиена и се закануваше еколошка катастрофа, решив мојот ПРИВАТЕН имот да го дадам на ВРЕМЕНО БЕСПЛАТНО користење на мојата општина за да се одложи целиот комунален смет од улиците на едно место додека општината да спроведе постапка и да избере фирма која ќе го одложи сметот во ЈП Дризла.
Претходно заспаната, научена да создава ПРОБЛЕМИ Данела веднаш се активираше преку своите служби и на 10.01.2025, НЕОВЛАСТЕНО, без судски налог, со кршење на врати (документирано со видео службени видео снимки) и обезбедена од полициски служби влегува во мој приватен имот каубојски, со кршење на врати и огради и со приватна фирма зема материјали од почва.
Бидејќи анализите од почвата и сметот јасно и покажуваат дека тоа е комунален смет (нејзино ѓубре) Данела ја фаќа паника и е во очај да создаде друга драма и следен ПРОБЛЕМ.
Во меѓувреме, општина Шуто Оризари спроведува тендерска постапка за избор на фирма која ќе го одлага сметот и истата започнува со работа во месец февруари. Со уредни документи (Договор со општина Шуто Оризари и Договор со ЈП Дризла) на 10.02.2025 година, фирмата е стопирана од служби на град Скопје на влезот во село Батинци на пат накај Дризла и вратен е назад со укажување дека СО ШУТО ОРИЗАРИ НЕ СМЕЕ ДА СОРАБОТУВА.
На 11.02.2025 година, утредента, повторно на мојот приватен имот НЕЗАКОНСКИ, БЕЗ СУДСКИ НАЛОГ се појавуаат 50 вработени од град Скопје, приватна фирма и интервентна полиција за обезбедување на настанот. На моето прашање зошто се тука, не добив одговор од никој присутен. Видно и очигледно беше дека се тука за да земат повторно примероци од почвата и од ѓубрето, но овој пат дојдоа спремни со веќе наполнети флаши за примероци и полни ќеси со животински остатоци.
Бидејќи скоро цела администрација беше присутна на лице место, нема да ги наведам сите службеници кои со големи наочари, засрамени и со капите на глава се криеја надвор од имотот, видено потресени и се забележуваше од нивните лица дека под закани за нивните работни места се тука, ќе наведам дел од лицата кои се надевам дека ќе одговорат во кое својство и зошто беа присутни во мојот приватен имот. Па оттука прашувам, во кое својство и какви задачи вршеа:
- Раководителот на Раководител на Сектор за планирање и уредување на просторот - Ивана Бајкова Шаља,
- Разрешениот па пак вратен Секретар на град Скопје Зоран Глигоров,
- Директорот на ЈП Водовод Тони Миновски,
- Лицето Александар Јовановски, кој претходно се претставуваше и легитимираше како Возач, а настанот на 11.02 како Инспектор,
- Раководителот на Секторот за информатички технологии и модернизација Филип Силјановски на кој сакам да му укажам посебна важност и внимание бидејќи на прашањето мое кој си ти и од каде си, се претстави со зборовите: „не знаеш кој сум јас, ама ќе дознаеш, со мене ќе си имаш работа и проблеми, да си знаеш, ќе те скинам“
Присутни беа и две лица непознати од кои едниот снимаше со фотоапарат и телефон и на моето неодговарање на прашањето кој е и зошто снима и најавата дека ќе повикам униформирана полиција за да го легитимира, само одговори дека тој е ТЕРАН И МОРА ДА СНИМА и замина од мојот имот, додека другиот лажно се претстави дека е од МВР и исто така се повлече.
Целиот настан е евидентиран во полиција и се очекува овие денови настанот да се затвори од полицијата и да се превземе од Јавното обвинителство.
На Данела сакам да и порачам неколку работи:
1. Да престане да создава ПРОБЛЕМИ во општина Шуто Оризари, да ги тргне забраните од јавните претпријатија кои и се под належност и да почне да работи конечно во интерес и на граѓаните на општина Шуто Оризари. Личниот инает со мене ќе го докажува на суд, граѓаните не се должни повеќе да и бидат жртви.
2. Да престане со незаконски дејствија од кои едното е давање налог за влегување на нејзината администрација во приватен имот без судски налог и каубојско однесување бидејќи на крајот од денот, таа не била, ги става своите вработени во незаконски дејствија тргајќи се себеси на страна.
3. Да престане со незаконски дејствија во однос на земањето примероци од земја и отпад и доколу планира повторно испитувања бидејќи овие две и се незаконски земени односно донесени, да ја подучам како оди редот за да ја почитува методологијата за земање примероци, да ја информира општината за своите дејствија, приватните лица доколку се земе од приватен имот и истите да ги земе во присуство на трите страни од кои еден примерок за општината како времен корисник на имотот, еден за нејзе и еден примерок за супер анализа.
На крај, сакам јавноста и граѓаните на општина Шуто Оризари да знаат дека сум на нивна страна и дека знам дека оваа вештачки создадена битка со градот не ја водам сам туку дека ја имам подршката на сите граѓани на општина Шуто Оризари.
Курто Дудуш - градоначалник Општина Шуто Оризари
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.