Израел ќе ослободи 369 палестински затвореници во замена за тројца заложници од Појасот Газа
- Клубот на палестинските затвореници соопшти дека Израел денеска ќе ослободи 369 палестински затвореници, во замена за тројца заложници држени во Појасот Газа од нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година.

Ерусалим, 15 февруари 2025 година (МИА) - Клубот на палестинските затвореници соопшти дека Израел денеска ќе ослободи 369 палестински затвореници, во замена за тројца заложници држени во Појасот Газа од нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година.
Заедно со нив ќе бидат ослободени и 333 затвореници од Појасот Газа, уапсени по 7 октомври 2023 година, изјави претседателот на невладината организација Абдала Зегари. паг/
Фото: ЕПА