• петок, 21 февруари 2025

Изложба „Мир во стиловите“ на стружанката Азра Демиши

Изложба „Мир во стиловите“ на стружанката Азра Демиши

Струга, 11 февруари 2025 (МИА) - Со изложбата „Мир во стиловите“ со модни дизајни на Азра Демиши, организирана од меѓународната уметница Лида Шерафатманд, центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ја одбележува Светската недела на меѓуверска хармонија.

Целта на настанот, според Шерефатманд, е да се инспирира простор за лични изрази во она што го носиме како луѓе, за да не се стигматизираат луѓето веднаш со предрасуди според некој посебен надворешен изглед. Таквите предрасуди, вели, ги блокираат вистинските човечки врски, како и луѓето да се изразат во нивната облека на начин што ги прави да се чувствуваат удобно во тоа што се.

- Азра Демиши направи храброст и напорна работа да отвори ателје во Струга, а тоа не обезбедува само деловен простор, туку и простор за лично изразување во облека. Покрај тоа што создава многу убави и уникатни дизајни, таа придонесува и за поголема слика на заедницата, со тоа што напредува во нејзиниот развој како дизајнер-уметник, вели Шерафатманд.

Работната средина на Азра била инспирација за неа да ја организира изложбата, токму за Неделата на меѓуверска хармонија.

- Асистентката на Азра, Ема, која помага во реализацијата на креациите е од муслиманската заедница и облечена е во хиџаб. Заедно работат во целосна хармонија со целосно почитување на достоинството на едни со други како личности надвор од „стилот“ на тоа што го облекуваат. Ова е достигнување за секое човечко општество, особено со оглед на претераните тензии во многу други области во светот кога станува збор за различни стилови на облека, посочува Шерафатманд за МИА.

Првата недела од февруари се одбележува како Светската недела на меѓуверска хармонија, а целта е да промовира хармонија меѓу сите луѓе без разлика на нивната вера. сс/цр

Фото: МИА

Остани поврзан