Изет Меџити на средба со американскиот конгресмен Пит Сешнс: Благословени сме со пријателството и поддршката од САД
- На средбата се дискутирало за билатералните односи меѓу Северна Македонија и САД, со особен фокус на можностите за продлабочување и проширување на соработката во области од заемен интерес.

Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, Изет Меџити, за време на неговата официјална посета на Соединетите Американски Држави, оствари суштинска и значајна средба со американскиот конгресмен Пит Сешнс, член на Републиканската партија и Претставничкиот дом на САД, информираат од Демократско движење.
На средбата се дискутирало за билатералните односи меѓу Северна Македонија и САД, со особен фокус на можностите за продлабочување и проширување на соработката во области од заемен интерес.
Првиот заменик-претседател на Владата нагласил дека поддршката од САД отсекогаш била и останува клучна за демократскиот и евроатлантскиот развој на Северна Македонија.
-Од претходните официјални средби и посети, но и од оваа сегашна, сфатив дека сме благословени со пријателството и поддршката од САД. Односите меѓу Северна Македонија и САД ќе се интензивираат во интерес на граѓаните и нашите општества, изјавил Изет Меџити.
Тој ја искористил можноста во име на граѓаните и институциите на Северна Македонија да изрази благодарност за постојаната и континуирана поддршка од Соединетите Американски Држави кон нашата земја.
Оваа средба е дел од ангажманите на првиот заменик-претседател на Владата за зајакнување на стратешките партнерства и унапредување на интересите на Северна Македонија на меѓународната сцена. сст/нд/
фото Демократско движење