• вторник, 06 јануари 2026

И годинава ќе се одржат Бадникарски концерт и литија во Струмица

И годинава ќе се одржат Бадникарски концерт и литија во Струмица

Струмица, 5 јануари 2026 (МИА) -Утре на Бадник, 6 јануари, Фондација „Елеуса“ во соработка со Струмичката Епархија и Школата за веронаука при храмот „Свети Кирил и Методиј” и ВИС „Стихири“, а под покровителство на Општина Струмица и годинава традиционално организираат Бадникарски концерт и литија.

Како што соопштија од Фондацијата „Елеуса“, одбележувањето на Бадник ќе почне со Бадникарска литија која ќе тргне од манастирот „Свети петнаесет“ во 10:30 часот и ќе се движи по улиците „5 Ноември“, долж црквата „Свети Кирил и Методиј“,а потоа по улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Стив Наумов“, долж улицата „Герас Цунев“, покрај зградата на Општина Струмица каде ќе се направи пауза.

Веднаш потоа, во 12 часот, е закажан хуманитарниот Бадникарски концерт на Плоштадот „Гоце Делчев“, каде со богата црковна и културно-уметничка програма ќе биде одбележан Бадник.рт/са/

Фото: Фондација „Елеуса“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан