• недела, 11 јануари 2026

Зеленски навести повлекување на Украинците од ДНР

Зеленски навести повлекување на Украинците од ДНР

Киев, 21 декември 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не ја исклучува можноста за повлекување на украинските трупи од делот на Доњецката Народна Република (ДНР) кој е под контрола на Киев, што од Украина го бараат Соединетите Американски Држави и Русија, но воедно нагласи дека очекуваат ист потег и од Русија.

- Евентуалното повлекување на трупите мора да биде реципрочно – Украина се повлекува онолку колку што ќе се повлече и Русија. Во зоната на слободна економија не смее да има тешко вооружување, не смее да има војска, изјави Зеленски, пренесе телевизијата Новости. LIVE.

Претходно, пратеникот во Врховната рада на Украина од партијата на Зеленски „Слуга на народот“, Георгиј Мазурашу, оцени дека евентуалното повлекување на единиците на Вооружените сили на Украина од делот на ДНР под контрола на Киев би било „болен, но позитивен резултат“ од преговорите за решавање на конфликтот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан