• вторник, 11 март 2025

Зголемен бројот на странски туристи, намален на домашните

Зголемен бројот на странски туристи, намален на домашните

Скопје, 11 март 2025 (МИА) - Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2025 година изнесувал 49 870, од кои 36.8 % се домашни туристи, а 63.2 % се странски туристи. Евидентирани се 106 894 ноќевања, од кои 42.5 % се од домашните туристи, a 57.5 % од странските туристи.

Вкупниот број на туристи во јануари годинава, во однос на јануари 2024, е зголемен за 4.4 %, a бројот на ноќевањата е зголемен за 4.7 %.

Бројот на домашните туристи во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, е намален за 4.9 %, а на странските е зголемен за 10.8 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е намален за 7.9 %, а кај странските туристи зголемен за 16.5 %.са/

Фото: МИА

Остани поврзан