• среда, 12 март 2025

Се реконструира улица во неготинско Тремник 

Се реконструира улица во неготинско Тремник 

Неготино, 11 март 2025 (МИА) - Се изведуваат градежни работи за реконструкција на улица во Тремник, информираше поплaднево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

- Согласно договорот за реконструкција на улици во Тремник, склучен помеѓу општина Неготино и Градба промет, се отпочна со изведување на градежни работи за реконструкција на улица во селото Тремник. Градежните активности се однесуваат за реконструкција на три крака од улицата во ова населено место, врз основа на основниот проект изработен од ИНТ Глобал инженеринг АВ ДООЕЛ Битола, со рок за изведување на градежните работи во рок од шест месеци, соопшти градоначалникот. 

Тој појасни дека градежните работи се однесуваат на расчистување на улицата и поставување на тампонски слој, по што ќе следува асфалтирање, а надзорот на градежните активности го врши МБМ архитекти ДООЕЛ Скопје. свд/дма/


Фото : Општина Неготино

Остани поврзан