Заеднички истражни тимови ја воделе меѓународната опреација „Вардар“, во која се запленети милион евра факсификувани, но и вистински пари
- Исклучително значајна е меѓународната акција „Вардар“ која разоткри мрежа на фалсификување пари во државата, бидејќи ја спроведува меѓународен тим на истражители, соопштија на денешната прес-конференција обвинителите од Јавното обвинителство. Времето на постпката е скратено, преземени се заеднички акции со истражен тим од Србија, постапката е водена паралелно. Јавниот обвинител Љупчо Коцевски рече дека вчерашната операција „Вардар“ е активност на меѓународен истражен тим, во рамките на која ЈО со поддршка на МВР и други истражни органи во соработка со органите од соседна Србија, разоткрија мрежа за фалсификување пари во земјава. Во текот на постапката најдени се милион евра, фалсификувани, но и вистински пари. Извршени се претреси, постапка во овој момент се води против шест лица.

Скопје, 3 февруари 2025 (МИА) - Исклучително значајна е меѓународната акција „Вардар“ која разоткри мрежа на фалсификување пари во државата, бидејќи ја спроведува меѓународен тим на истражители, соопштија на денешната прес-конференција обвинителите од Јавното обвинителство. Времето на постпката е скратено, преземени се заеднички акции со истражен тим од Србија, постапката е водена паралелно.
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски рече дека вчерашната операција „Вардар“ е активност на меѓународен истражен тим, во рамките на која ЈО со поддршка на МВР и други истражни органи во соработка со органите од соседна Србија, разоткрија мрежа за фалсификување пари во земјава. Во текот на постапката најдени се милион евра, фалсификувани, но и вистински пари. Извршени се претреси, постапка во овој момент се води против шест лица.
- Имајќи ја предвид важноста на меѓународната соработка, како што ќе видите денес за обвинителството е многу значајно тоа што Министерството за финансии на коешто изразуваме голема благодарност обезбеди средства за обвинителот за врски и очекувам многу скоро и Министерството за правда да ги предложи законските измени кои ни се навистина неопходни во однос на јавниот обвинител за врски во врска со седиштето Европравда во Хаг, рече Коцевски.
Шефот на ОЈОГОКК, Ислам Абази се задржа на формирањето на заедничкиот тим и при постапување на предметот во координација со координаторот за врски, во Европа, Ленче Ристовска оцениле дека има потреба да склучат заеднички истражен тим со Република Србија
- И со тамошното надлежно обвинителство за гонење на организиран криминал и со асистенција на јавната обвинителка и по овластување на јавното обвинител на РСМ, јас како основен јавен обвинител потпишав заеднички истражен тим со обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на Република Србија, рече Абази.
Тој истакна дека постојано биле во комуникација со колегите од Србија, заеднички постапувале по предметот и вчера имале заеднички претреси, се договарале кога е најдобро да се спроведе реализацијата, конфискувани се пари во различни апоени и средства со кои се правеле фалсификуваните пари.
Предметниот обвинител, Дејан Петрески рече дека по добиената согласност од институциите постапува по предметот. Вчера во координација со полицијата бил извршен претрес на 18 локации, одземена е поголемо количество на фалсификувани пари, предмети, постапено е по 23 издадени наредби од Кривичниот суд. Акцијата се спроведувала и во Србија.
- Денес Обвинителството донесе наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, осомничени за кривично дело, злосторничко здружување, перење пари, но ќе видиме во понатамошниот тек од постапката и на сторување на други можни кривични дела. Како резултат на преземените дејствија во текот на вчерашниот ден на териториите на двете држави односно на нашата и на територијата на Република Србија, беа пронајдени и одземени, некаде околу милион евра лажни пари но и вистински пари, опрема и предмети коишто служат за фалсификување на пари, рече обвинителот. Во текот на постапката биле пронајдени предмети, хартија, хемикалија која се користела за изработка на фалсификуваните банкноти. Тој кажа дека во акцијата учествувале целиот систем на кривичен прогон, истражителите-полициски службеници, обвинителите, единица за финансиски криминал, оддел за форензички испитувања, ЕБОР, Кривичниот суд, Бирото за јавна безбедност, биле повикани и претставници на Народна Банка кои помогнале за начинот како се спровело делото.
Истражните органи од Србија и обвинителите од соседната земја, постојано комуницирале, истовремено ги преземале дејствијата на двете земји за да се обезбедат доказите. Во Србија биле извршени 9 претреси и наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица. Во акцијата присуствувале службеници од Европол, ама не преземале акции, бил присутен и тимот од Србија.
Тој не навлегуваше дополнително во интерес на истрагата и најави дека е можно нејзино проширување.
Јавниот обвинител за врски во Европравда, Ленче Ристовска кажа дека за овој случај имале заеднички тим со Србија, претходната година дена имало пет заеднички тима. Во однос на тема фалсификување на пари земјава имала заеднички истражен тим и со Косово. Таа нагласи дека заедничките тимови се една од алатките на меѓународно соработка, земјите назначуваат свои претставници кои во заеднички тим настан во којшто се инволвирани лица припадници на која било од државите и коишто припадници на одредени криминални групи и преземаат дејствија на територијата на повеќе држави.
- Во конкретниот случај тоа беше на територијата на Србија и територијата на Македонија. Во рамки на овој заеднички истражен тим одржани се неколку официјални координативни состаноци се одржуваа на територијата тука кај нас и во Србија. Имавме и голема поддршка од аспект на експертиза којашто ја добивме од Европол, а се разбира и преку Европравда добивме голем дел од техничката поддршка којашто ни беше потребна преку набавка на одредени услуги коишто ни се од значење за спроведување на истражните активности, рече обвинителката.
Таа појасни дека станува збор за повисоко ниво на соработка, во конкретниот случај, српските истражители биле присутни во земјава, заедничкиот истражен тим значително ја скратил постапката, доказите можат да се користат во сите судски постапки во земјите.
- Само сакам да кажам дека без активно учество во вака координирани акции без оваа алатка што ја имаме како заеднички истражен тим практично е невозможно да се борите со транснационален криминал бидејќи криминалните групи немаат граници, тоа го имаат само јурисдикциите кога ги обезбедуваат доказите и затоа за нас е особено важно што успеавме да ги обезбедиме сите неопходни докази досега коишто ни произлегоа се разбира активностите и понатаму продолжуваат овој заеднички тим ќе продолжи да функционира сè додека постојат одредени околности коишто треба да се доистражат и да се доиспитаат, рече обвинителката.
Како што соопшти таа на прес конференцијата, според неофицијални податоци до кои дошло обвинителството во повеќе земји на територијата на ЕУ до декември 2024 година, од ваков тип на фалсификати и при класификацијата на фалсификувани пари има милион и 150 и 200 илјади евра.
- Оваа околност дополнително ќе се проверува со нашите европски партнери и до крајот на истрагата ќе имаме точна бројка за импактот што ја имала групата, рече Ристоска.
Во моментот, обвинителите не сакаа да прејудицираат за понатамошниот тек на постапката, најавија соопштение, што е побарано од судот и што е одлучено по однос на обезбедување на осомничените за оваа постапка.
Ристовска посочи дека Европската Централна Банка повлекла од оптек околу милион 150 илјади евра фалсификувани банкноти коишто припаѓаат на истата типологија на фалсификувани банкноти коишто се најдени на местото на настанот.
- Оваа е бројка до која дојдовме неофицијално. Многу е веројатно тие банкноти потекнуваат од нашата група бидејќи од друга група друг е начинот на изработка други се обележјата на тие фалсификувани пари и тогаш тие не влегуваат во оваа типологија имаат друга типологија, рече Ристовска.
При претресите, како што информираат од Обвинителство, се пронајдени и одземени парични средства во износ од околу 500 000 евра, 25 000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1800 израелски шекели, 500 хрватски круни, 10 000 албански леки, 1000 шведски круни и 25 000 рубљи. Воедно се пронајдени топли ваљаци, преси, ЦНЦ машина за изработка на калапи и жигови со кои се изработувале фалсификуваните пари, копии од делови од банкноти, пиштол, куршуми, кесиња со прашкаста бела и кафеава материја, телефонски апарати, сим картички, УСБ, детектор за фалсификувани банкноти, холограми, бројачи на пари, други предмети за фалсификување пари и лаптопи кои ќе бидат предмет на вештачење. ам/ац/
Фото: МИА