• вторник, 06 јануари 2026

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Скопје, 5 јануари 2026 (МИА) -  Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека утре и задутре автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред поради празникот Раѓање Христово – Божик. 

Дежурни утре ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар (од 08:00 до 14:00) и Жичница (од 10:00 до 17:00).

Жичницата утре и задутре ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.

ЈСП Скопје им ги честита божикќите празници на сите православните христијани. мд/вј/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан