• петок, 21 февруари 2025

Енрике: Дембеле беше добар во 2024 година, а ќе биде уште подобар годинава

Енрике: Дембеле беше добар во 2024 година, а ќе биде уште подобар годинава

Париз, 12 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике искажа пофални зборови за Усман Дембеле. 

Фудбалерот постигна два гола вчеравечер во победата (3:0) над Брест во првиот натпревар од плејофот од Лигата на шампионите.

-Оние кои го познаваат Усман знаат за каква личност се работи. Го гледам како тренира, можам да кажам дека тој е полн со самодоверба. Дембеле беше добар во 2024 година, а ќе биде уште подобар во 2025 година, изјави Енрике.

Оваа сезона 27-годишниот Французин на 28 натпревари во сите натпреварувања постигна 23 гола и креира шест асистенции.

Реваншот меѓу ПСЖ и Брест ќе се одигра на 19 февруари. Победникот од двомечот ќе се соочи или со Ливерпул или со Барселона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан