• петок, 05 декември 2025

Едно лице загина во руски напади во Украина

Едно лице загина во руски напади во Украина

Киев, 11 ноември 2025 (МИА) – Во руски напад со дронови синоќа во Краматорск, источна Украина, загинало едно лице, а избувнале бројни пожари, соопштија градските власти.

- Краматорск беше цел на масовен напад. Седум дронови го погодија градот во рок од 30 минути нешто по 20 часот, напишаа градските власти на Телеграм.

Според првичните информации, едно лице загинало, а причинета е штета на едно училиште и на станбени згради.

Двајца украински новинари од телевизијата Фридом ТВ загинаа во напад со руски дрон на 23 октомври на бензинска пумпа во Краматорск, додека биле во автомобил, пренесе денеска нивната медиумска куќа.

Во североисточната област Харков, Русите синоќа со дрон погодиле неколку возила, при што биле повредени три лица, меѓу кои и едно 16-годишно момче, пренесе обвинителството на областа.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати 37 украински дронови, без да се спомене никаква штета. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан