ДУИ: Помалку од 12% од буџетот за албанската култура
- СООПШТЕНИЕ -

Скопје, 5 февруари 2025
Во време кога Министерството за култура и туризам пропагира зголемување на буџетот за културата, реалноста за Албанците е сосема поинаква.
Во 2025 година, Албанците ја доживуваат најтешката културна дискриминација во последните две децении.
Годишната програма не е само неправедна распределба на фондовите, туку чиста државна стратегија за бришење на албанската култура од институционалната поддршка.
Институциите што ја промовираат албанската култура се оставени на маргините и осудени на минимален буџет!
Во сите главни културни сектори, Албанците не успеале да добијат ниту 12% од буџетот и проектите, третирани како граѓани од втор ред во сопствената држава.
Меѓународно претставување: уништување на албанското присуство
Наместо да ја поддржи вклученоста на албанските уметници на меѓународната сцена, Министерството за култура го направи спротивното – ги елиминираше Албанците од секоја можност за промоција на нивната уметност и идентитет.
245 македонски проекти финансирани – Албанците само 22 проекти
40 милиони денари за Македонците – само 3,5 милиони денари за Албанците
Ова е унапред смислен план за правење на Албанците невидливи во меѓународната културна сцена.
Визуелни уметности: бришење на албанската уметност од јавниот простор
120 македонски проекти со 13 милиони денари
16 албански проекти со само 1,2 милиони денари
Покрај тоа, Галеријата на уметности во Гостивар не добила никаква значајна инвестиција. Недостатокот на поддршка за оваа институција не е случаен, туку јасен обид да се спречи развојот на албанската уметност и да се остави во заборав.
Издаваштво: институционално негирање на албанската литература
320 македонски книги финансирани со 39,5 милиони денари
60 албански книги со 6,6 милиони денари
Со овој третман, албанската литература се третира како безначаен елемент,
Театар и фолклор: постепено гасење на албанската култура
33 македонски театарски проекти со 6,2 милиони денари
7 албански проекти
70 македонски фолклорни проекти – Албанците само 19 проекти
Ова е тежок удар врз уметничкото наследство на Албанците и стратегија за ограничување на влијанието на албанската култура на националната сцена.
Музика: тотална моноетничка доминација
152 македонски музички проекти – само 35 албански проекти
52 милиони денари за Македонците – само 7,5 милиони денари за Албанците
Во држава каде албанската музика е една од најразвиените, ваквата распределба на средствата претставува отворен напад врз албанските уметници.
Манифестации и фестивали: задушување на албанската култура
113 македонски проекти со 75 милиони денари
Само 7 албански проекти со 16,5 милиони денари
Ова е најјасниот доказ за отворена дискриминација и директен обид за уништување на албанските културни фестивали.
Инфраструктура: уништување на албанските институции
Нема поддршка за Албанскиот музички ансамбл
Нема напори за обезбедување простор за Ансамблот на песни и ора
Нема сериозен проект за зачувување на албанското културно наследство
Албанските културни институции се намерно оставени без средства, со цел финансиски да пропаднат и да бидат затворени.
Брутална дискриминација и културна сегрегација
Оваа систематска дискриминација се случува под Влада, која целосно ја загуби способноста да ги брани интересите на Албанците.
Ако оваа политика продолжи, албанската култура ќе продолжи да се деградира, а Албанците ќе останат маргинализирани набљудувачи во сопствената држава.
Ова е момент за силна политичка и општествена реакција за да се запре оваа системска неправда!
Забелешка: ДУИ ја подржува државната подршка на културата на сите етнички заедници но дискриминторскиот пристап има далекусежни последици. Податоците се даваат за да се има компаративен увид за тежината на дискриминацијата.
Валмир Азири - ДУИ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива