• четврток, 16 мај 2024

ДИК со првични резултати од парламентарните избори: Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 59 пратенички мандати (ДПЛ)

ДИК со првични резултати од парламентарните избори: Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 59 пратенички мандати (ДПЛ)

Скопје, 8 мај 2024 (МИА) - Од преброени гласови во 3.270 избирачки места (94,05 избирачки места) Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати за новиот состав на Собранието. Зад неа е Коалицијата предводена од СДСМ со само 19 мандати, додека коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ има 18 пратенички мандати, коалицијата Вреди 13, „Левица“ шест и партијата ЗНАМ пет пратенички мандати. Одѕивот на парламентарните избори, согласно овие податоци, е 55,19 отсто, објави вечерва Државната изборна комисија (ДИК).

Ова се првичните неофицијални резултати од денешните парламентарни избори, што се одржаа истовремено со вториот круг од претседателските избори.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски на прес-конференција соопшти дека во гласови коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 395.048, коалицијата предводена од СДСМ 138.174 гласови, коалицијата предводена од ДУИ 128.698, коалицијата Вреди 100.593, Левица 62.195, Движењето ЗНАМ 48.032, Коалицијата Храбро за Македонија 4.409, Нова Алтернатива 3.265, Политичка партија Аваја 2.184, Единствена Македонија 1.513, Твија партија 1.653, Родина Македонија 1.022, Македонска ера трета/Македонски независни листи - Суверенисти 868, Демократи 823, Десна 456, Работничка партија 409 и Европско граѓанско движење 227. 

Со ова почнуваат да течат роковите за приговори за изборите. Роковите се до 10 мај до 19 односно 23:30 часот. ев/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан