• недела, 11 јануари 2026

Демир Капија ги повика жителите со поднесени барања за легализација да комплетираат документи до март 

Демир Капија ги повика жителите со поднесени барања за легализација да комплетираат документи до март 

Демир Капија, 10 јануари 2026 (МИА) - Општина Демир Капија ги повика жителите со поднесени барања за легализација на дивоизградени објекти да докомплетираат документи до законскиот рок во март месец. 

- Во тек е последна можност за сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација до Општина Демир Капија, а чија постапка е во прекин, да ја искористат законската можност, за нивно комплетирање и решавање. Законот за постапување со бесправно изградени објекти, важи заклучно со 03.03.2026 година, соопштија од локалната самоуправа. 

Оттаму јавно ги повикаа сите засегнати лица, навремено да се обратат во просториите на Општина Демир Капија, да се информираат за статусот на своето барање и да ја достават потребната дополнителна документација.

- Во спротивно, доколку барањата не бидат навремено дополнети, истите ќе бидат одбиени, согласно законските одредби, посочија од Општината. свд/дма/


Фото: МИА архива

Остани поврзан