• петок, 21 февруари 2025

Делегација на МАЕИ му оддаде почит на Гоце Делчев пред спомен бистата во Пустец

Делегација на МАЕИ му оддаде почит на Гоце Делчев пред спомен бистата во Пустец

Пустец, 4 февруари 2025 (МИА) - По повод 153-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар, делегација на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) положи цвеќе на бистата во центарот на Пустец.

-Гоце Делчев не беше само револуционер, туку и визионер и космополит. Тој го замисли она што ние денес го живееме – слободна и независна Македонија. Неговата борба, неговата мудрост и неговата пожртвуваност се светилник за сите генерации Македонци, каде и да се наоѓаат, напиша Стерјовски на објава на Фејсбук.

Во делегацијата на МАЕИ, со Стерјовски почит на Гоце му оддадоа и Ендрит Фетаху потпретседател на МАЕИ, кој за таа цел пристигнал од Тирана и Атанас Плоча заменик градоначалник на општина Пустец и член на Извршен комитет на МАЕИ.

Спомен - бистата беше откриена на 4 мај минатата година, што беше иницијатива и донација на МАЕИ и се наоѓа на плоштадот во Пустец, кој го носи неговото име.

Бистата на Гоце, рече тогаш Стерјовски, нека биде симбол на нашата непоколебливост и верба во принципите на правда и слобода и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во областа Преспа. вт/дма/

 

Фото: МАЕИ

Остани поврзан