• петок, 05 декември 2025

Делегации од Украина, Србија, Бугарија и Турција во Битола по повод Денот на ослободувањето на градот

Делегации од Украина, Србија, Бугарија и Турција во Битола по повод Денот на ослободувањето на градот

Битола, 4 ноември 2025 (МИА) - Општина Битола денот на ослободувањето на градот го слави заедно со делегации на збратимените градови Кременчук од Украина, Стари Град, Белград од Србија, Пожаревац од Србија, Плевен од Бугарија и Бурса од Турција.

За гостите од странство, градоначалникот Тони Коњановски приреди прием во неговиот кабинет каде разменија информации поврзани со локалната соработка, а потоа сите заедно положија цвеќе пред споменикот на паднатите борци за слободата на Битола.

-Денешниот датум претставува потсетник на хероизмот и жртвата на нашите предци кои ја изборија слободата на градот. Наша должност и обврска е нивниот спомен да го чуваме и пренесуваме на идните генерации, како залог за трајна слобода и достоинствен развој на нашиот град, истакна градоначалникот Коњановски.

Свеченостите по повод 4-ти Ноември, денот на ослободувањето на Битола продолжуваат вечер со свечена академија на која ќе бидат доделени општинските награди за едногодишни достигнувања и наградата за животно дело. мт/дма/


Фото: Општина Битола

Остани поврзан