Дел од населбата Кисела Вода без вода
- Без вода денеска од 9:15 часот ќе бидат корисниците од улицата „Христо Татарчев“ од број 60 до кружниот тек.
Скопје, 5 јануари 2026 (МИА) - Без вода денеска од 9:15 часот се корисниците од улицата „Христо Татарчев“ од број 60 до кружниот тек во населбата Кисела Вода.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на цевка со пречник од 200 милиметри на ул.„Христо Татарчев“ бр.60.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. фф/вј/
Фото: МИА Архива