Давид Јанев македонски шампион во „Катан“
- „Катан“, или претходно позната како - „Доселениците на Катан“, е првпат издадена во 1995 година, и дизајнирана од Германецот Клаус Тојбер.

Скопје, 17 февруари 2025 (МИА) - Давид Јанев е новиот македонски шампион во друштвената игра „Катан“ за оваа 2025 година. Тој ќе ја претставува нашата држава на претсотјното Светско првенство во Штутгарт, Германија што ќе се одржи од 4. до 6 април.
„Давид беше најдобар меѓу 64-те стратези кои во неделата (16 февруари) во 'Лабораториум' се натпреваруваа на Државното првенство на Македонија во организација на 'Гоблин друштвени игри'. Како награда за успехот, покрај пехарот, тој ќе добие и бесплатен авионски лет, сместување и право за настап на најпрестижниот настан на годината со оваа светски позната друштвена игра“, соопшти „Гоблин“.
„Катан“, или претходно позната како - „Доселениците на Катан“ (Settlers of Catan), е првпат издадена во 1995 година, и дизајнирана од Германецот Клаус Тојбер. Досега се продадени преку 32 милиони примероци од играта, на повеќе од 40 јазици во целиот свет. Играчите, во оваа стратешка игра, во улога на доселеници, треба да изградат своите населби преку трговија и да ги развиваат. Играта е официјално преведена и на македонски јазик од страна на единствениот дистрибутер и застапник во земјава, „Гоблин“. си/дма/
Фото: „Гоблин друштвени игри“