• петок, 21 февруари 2025

Бојкот на маркетите во Скопје поради високите цени

Бојкот на маркетите во Скопје поради високите цени

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) – По повиците на социјалните мрежи, денеска дел од граѓаните во Скопје одлучија да не пазаруваат во маркетите поради високите цени на прехранбените производи.

Во анкетата што ја направи МИА, мнозинството граѓани изјавија дека нема да влезат во маркетите додека трае бојкотот. Тие се согласни дека цените на производите се превисоки за ниските примања и веруваат дека бојкотот ќе придонесе за подобрување на ситуацијата.

Во обиколката низ маркетите и разговор со вработените утрово забележавме дека готовата храна, за разлика од другите денови, помалку се троши, а бројот на купувачи е намален. 

null

Иницијативата која прво се случи во Хрватска, а вакви акции се најавени и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, доби поддршка од пошироката јавност, како и од партиите од власта и од опозицијата, додека надлежните институции најавија ригорозни контроли во маркетите и трговските објекти и итна реакција на терен.

Премиерот Христијан Мицкоски деновиве неколкупати искажа разбирање за бојкотот и најави засилени контроли и казни за трговците кои го изигруваат законот и мерки за заштита на животниот стандард. 

null

Тој и вчера од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања, истакна дека нема да се дозволи, поединци да ги злоупотребуваат своите позиции и да заработуваат на грбот на граѓаните. 

Поддршката за иницијативата за бојкот на маркетите вчера дојде и од Занаетчиската комора, која воедно, ги повика граѓаните да направат поправеден избор и да пазарат кај малите занаетчии.

- Целосно го поддржуваме бојкотот на маркетите, меѓутоа апелираме до граѓаните секогаш кога ќе имаат можност да купат леб, други прехранбени продукти во занаетчиските пекари, други дуќани за да се поддржи локалното производство. Воедно, апелиравме и до занаетчиите  да ги намалат цените на своите продукти, изјави претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији. 

null

Поддршка дојде и од Организацијата на потрошувачи на Македонија од каде предлагаат Владата да преземе подолгорочни мерки за да се заштити стандардот на граѓаните. 

- Организацијата на потрошувачи го поддржува граѓанскиот повик на социјалните медиуми за бојкот на маркетите. Не сме организатори на оваа акција, но ги поддржуваме граѓаните со цел да се поттикне бизнис секторот да ги намали цените на производите, особено на прехранбените производи бидејќи тие се навистина поскапени, изјави претседателка на ОПМ, Мирјана Лончар во изјава за МИА.

И дел од политичките партии излегоа со поддршка за бојкотот, но и со различни ставови кој е одговорен. Опозициската СДСМ одговорноста за состојбите ја лоцира кај власта. СДСМ ја оцени како скандалозна изјавата на професорот Трајко Славески дека бојкотот на маркетите ќе биде залуден, бидејќи нема да го даде ефектот што многумина го посакуваат. Славески решението го гледа само на едно место – кај пазарот, бидејќи тој е единствениот кој може да ги креира цените на производите. Опозициската партија смета дека обврска на власта е да ги зголеми платите, а не да се обидува да ги замолчува.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, нагласија дека го поддржуваат бојкотот против ланците на профитери, за кои обвинија дека СДСМ ги штити и сака да ги амнестира. Ставовите на Трајко Славески се лични, посочија од партијата и нагласија дека позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна и недвосмислена.

-Изразуваме разбирање за револтот на граѓаните и поддршка на најавениот бојкот. Институциите излегуваат на терен да се борат против ланците на профитери кои за жал СДС ги штити и преку вакви димни бомби и прашини сакаат да ги амнестираат вистинските профитери. Филипче да каже колку од ланците профитери го платија да држи прес-конференции со кои ќе спласне темата и дефокусира од проблемите, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Хрватска на повик на платформата „Ало, инспекторе“ од вчера се одвива најавениот неделен бојкот на трговските синџири „Лидл“, „Еуроспин“ и „ДМ“ и три производи - Кока-Кола и други газирани пијалоци, флаширана вода и детергенти за миење садови.

Денеска е општ бојкот на се. Платформата „Ало, инспекторе“, која ги организира бојкотите, ги повикува потрошувачите денеска да не купуваат ништо никаде.

Во Хрватска, на повик на платформата „Ало, инспекторе“ од вчера се одвива најавениот неделен бојкот на трговските синџири „Лидл“, „Еуроспин“ и „ДМ“ и три производи - Кока-Кола и други газиран

-Еднодневен бојкот. Од се. Денеска ништо не купуваме. Ниту физички, ниту онлајн. Ништо не плаќаме, напишаа тие.

И во Црна Гора денеска започна еднодневен бојкот на големите маркети, на кој повикаа невладините организации и синдикатот, поради високите цени на храната.

Податоците на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари. Воедно од ССМ, посочуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошничка за само една година пораснала за 6.089 денари што значи зголемвање од 10,63 проценти.

Најновите статистички податоци покажуваат дека трошоците на живот во 2024 година во однос на 2023 година бележат пораст од 3,5 проценти, а цените на мало од 3,8  проценти.

Во очекување на бојкотот, дел од маркетите објавија намалување на цените на одредени производи, акции за потрошувачите, а некои планираат попис.  ар/ац/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан