Гроси повика на прекин на огнот во близина на нуклеарната централа Запорожје
- Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) започна консултации за воспоставување привремена зона на прекин на огнот во близина на украинската нуклеарна електрана Запорожје, откако воени дејства оштетија еден од двата високонапонски далековода, соопшти генералниот директор на ова тело на Обединетите нации, Рафаел Маријано Гроси.
Виена, 9 јануари 2026 (МИА) - Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) започна консултации за воспоставување привремена зона на прекин на огнот во близина на украинската нуклеарна електрана Запорожје, откако воени дејства оштетија еден од двата високонапонски далековода, соопшти генералниот директор на ова тело на Обединетите нации, Рафаел Маријано Гроси.
Тој истакна дека МААЕ останува во постојан контакт со руските и украинските власти со цел да се овозможат безбедни поправки на оштетената инфраструктура и да се намали ризикот од нуклеарен инцидент, поради зголемената воена активност во областа околу електраната. ссм/ми/
фото: архива