Градоначалникот на Кавадарци се сретна го претставници на еколошки организации
- Градоначалникот на Кавадарци се сретнал со претставници на еколошки организации, информираше денеска тој на својата Фејсбук страница.
Кавадарци, 3 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Кавадарци се сретнал со претставници на еколошки организации, информираше денеска тој на својата Фејсбук страница.
- Првиот ден по примањето на уверението за градоначалник, остварив средба со еколошките здруженија „Тисовец“ и „Еко - живот“ од Кавадарци. На состанокот разговаравме за сите досегашни проекти и за идните активности со заедничка цел, подобрување на животната средина во нашиот град. Општина Кавадарци ја подава раката на здруженијата и со заеднички договор ќе им овозможи работна канцеларија, за да бидат поблиску до граѓаните и до Локалната самоуправа. Плодната соработка која ја имавме до сега, ќе продолжи и во иднина, со акцент на амбиенталниот воздух и животната средина, напиша Јанчев.
Притоа додаде дека во таа насока, „Кавадаречки дол“ ќе се трансформирал во нов парк на површина од 12.000 квадратни метри, што ќе се канализирал, уредел и претворел во зелена оаза за сите граѓани – ново катче на природа за рекреација, одмор и заеднички активности. свд/вј/
Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев