• петок, 05 декември 2025

Градоначалникот Гоцевски во посета на дечињата од детската градинка „Весели цветови“

Градоначалникот Гоцевски во посета на дечињата од детската градинка „Весели цветови“

Делчево, 20 ноември 2025 (МИА) -  Детски насмеани лица, многу песнички и вредни детски цртежи и изработки во детската градинка „Весели цветови“ со единствена порака дека секое дете заслужува среќно детство и топол дом. Оваа атмосфера го пречекаа денеска градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски кој ја посети детската градинка на денот кога го  одбележуваме Светскиот ден на детето. Градоначалникот Гоцевски и испрати јавна порака до сите чинители во општеството - да се почитуваат правата на децата. 

-Децата имаат законски права, а ние возрасните - обврска да се грижиме за најмладите, да создаваме услови тие да имаат безгрижно и среќно детство, да ги учиме да сонуваат, но да ги учиме и на вредности и морални начела кои ќе ги водат низ животот и ќе ги изградат вредни граѓани и самоуверени личности, истакна Гоцевски.

Како одговорен човек и градоначалник, истакна дека посветено ќе работи на подобрување на условите во детската градинка.

-Исто така ги финишираме работите во новата градинка, која треба „час поскоро“ да ги отвори вратите за дечињата со што инвестираме во раниот детски развој и згрижување на сите дечиња од Делчево. Планираме инвестиции во училиштата, да изградиме и повеќе детски игралишта и зелени површини, но и со разни мерки, ќе помагаме на младите семејства. Тоа е нашата инвестиција во иднината, нагласи Гоцевски повикувајки ги сите родители, наставници, институции, граѓани, сите заедно да работат и да создаваат средина во која секое дете ќе се чувствува вредно и заштитено. 

Светскиот ден на детето се прославува на 20 ноември за да ја одбележи Декларацијата за правата на детето донесена од Генералното собрание на ООН. вс/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан